Нови мерки: Кафулињата се затвораат 14 дена

Владата на РС Македонија на денешната итна седница одлучи дека угостителските објекти се затвораат, а полицискиот час ќе почнува од 20 часот и ќе трае до 5 часот наутро, извести премиерот Зоран Заев.
Премиерот извести дека британскиот сој на коронавирусот зема сè поголем замав и затоа се неопходни нови рестриктивни мерки. Болниците се преоптоварени и медицинскиот кадар е исцрпен, изјави Заев.
Угостителските објекти ќе бидат затворени од 7 до 20 април.
Следете ја прес-конференцијата во живо:
>
>