Нови мерки во Италија: Ковид потврдите се неопходни за влез во хотели, ресторани, жичници, јавен превоз…

Нови мерки во Италија: Ковид потврдите се неопходни за влез во хотели, ресторани, жичници, јавен превоз…

Во Италија од денеска на сила се нови ограничувања против коронавирусот кои се однесуваат на патувањето.

Лицата мора да докажат дека се вакцинирани или дека прележале коронавирус за посета на хотели, конгресни центри и ресторани, како и за влез во жичници и локален и меѓуградски превоз.

Туристите од ЕУ можат да ги користат QR кодовите од своите ковид-потврди за движење низ Италија.

Советот на министрите на чело со премиерот Марио Драги ги одобрил мерките кон крајот на минатата година. Со тоа се воведуваат построги ограничувања во секојдневниот живот, посебно за невакцинираните, бидејќи за многу места веќе не е доволен негативен тест на коронавирус.

Новото правило за докажување на статусот на вирусот сега се применува и на тимските спортови. Така, на пример фудбалерите, мора да бидат вакцинирани или да прележале ковид ако сакаат да играат.

Во државата со околу 60 милиони жители неодамна е забележан раст на бројот на новозаразени со коронавирус, потсетува “Hina”.

Последната седумдневна стапка на инциденција била рекордна, со 1.669 нови инфекции на 100.000 луѓе во целата земја.

Во понеделник повторно почнала училишната настава во повеќето од 20-те региони по зимските празници. Некои експерти и политичари стравуваат дека многу деца ќе мора да преминат на настава од дома поради големиот број на заразени.

Во железничкиот сообраќај поради голем број на заразен персонал се очекува откажување на железничките линии.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds