Нови спектакуларни слики од Нептун

Нови спектакуларни слики од Нептун

Вселенскиот супертелескоп „Џејмс Веб“ сними и прати спектакуларни слики од Нептун. Тука се гледаат и прстените и „патеките“ од прашина што ја опкружуваат ледената планета.

Инфрацрвените инструменти на опсерваторијата ги истакнуваат одликите коишто не се видени толку подробно откако сондата „Војаџер 2“ прелета покрај планетата во 1989 година. Надвор од самата планета се гледаат и седум од 14-те месечини, од кои најзначајна е Тритон.

Научниците се заинтригирани и од различните структури на облаците, кои треба да кажат нешто ново во науката и за атмосферата на Нептун. (МИА)

James Webb telescope just dropped its latest image, Neptune, and its rings. pic.twitter.com/4116oujC4z

— Latest in space (@latestinspace) September 21, 2022

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy