
Новиот играч на Јувентус полни батерии на Охридското Езеро
Не сакаше да ги брани боите на македонската репрезентација, ама Охрид не го дава. Швеѓанецот Дејан Кулушевски на Instagram се пофали со својот одмор во Македонија.
Новото засилување на италијанскиот шампион Јувентус моментално се наоѓа во Охрид каде ужива во водите на езерото чии бои не сакаше да ги брани на зелениот терен. Тој е всушност Охриѓанец роден во Шведска, а неговите родители се токму од Охрид.
Ако ништо друго барем ќе го рекламира Охрид по светот.
Друштво му прави неговиот другар од У21 репрезентацијата на Шведска, Џоел Асоро. И тој како „нашиот“ Кулушевски е горд Швеѓанец. Иначе е Нигериец.