
Ново поевтинување на бензините и дизелот
Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика малопродажните цени на Еуросупер БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 денари и ќе се продаваат за 66 односно 47,50 денари. Цената на Еуросупер БС-98 се намалува за еден денар и од полноќ се точи за 68,50 денари.
Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за два денари и литар ќе се продава за 58 денари. Се намалува и цената на мазутот М-1 НС за 1,473ден/кг и ќе чини 34,922ден/кг.
Овие цени ќе важат во следниве седум дена.
Извор:Strugaonline