Ново скејт чудо доаѓа од Кина

 Ново скејт чудо доаѓа од Кина

Млад кинески скејтер е последната интернет сензација откако почна да објавува видеа од своите подвизи низ градот Ченду.

Рен Сичи, или на интернет познат како Мен Чичи, е 22-годишен скејтер од Кина кој воодушевува со неговите подвизи на тркалца.

„Обожувам скејт и се надевам дека многу луѓе го чувствуваат истото и ја сакаат оваа култура. Се надевам дека многумина ќе почнат да се бават со овој спорт“, вели Сичи.

Тој почнал да се занимава со овој спорт уште откако имал 12 години, а талентот кој го поседува му овозможил брзо да напредува.

„Треба да не ти е страв од пад и често да ги вежбаш истите движења. Всушност, не постои тешка вежба. Треба секојдневно да се повторуваат вежбите, тоа е тоа“, објаснува тој.