Новогодишните реквизити во Струга станаа мета на вандали

 Новогодишните реквизити во Струга станаа мета на вандали

Се крадат и уништуваат новопоставените новогодишните реквизити низ Општина Струга. Она што требаше да ги развесели стружани стана мета на вандали кои ја уништуваат и крадат опремата од новогодишнто украсување.

ЈП „Комунално“ упати апел до граѓаните на Струга да не ја уништуваат и крадат опремата од новогодишното украсување, бидејки се ставаат во опасност себеси и другите од струен удар, а исто така го уништуваат имотот на граѓаните. Истовремено, предупредуваат дека ќе се преземаат ригорозни мерки за заштита на општинскиот имот.