Новороденче во Турција случајно било вакцинирано против корона, почнува истрага

 Новороденче во Турција случајно било вакцинирано против корона, почнува истрага

Новороденче старо еден месец од Турција било погрешно вакцинирано против ковид-19, но тоа е добро, со што стана првиот познат случај на вакцинацинирано доенче во светот.

„Едномесечно бебе беше погрешно вакцинирано против „Ковид-19 “наместо против хепатитис во јули“, рече Зафер Куругол, педијатриски инфектолог на Егејскиот универзитет, кој го придружувал бебето, за АФП.

Куругол рекол дека здравствениот работник кој ја давал вакцината во околината на Измир, веднаш ја видел грешката и ги известил властите.

Детето веднаш било пренесено во Универзитетската болница, каде што било прегледано и му биле следени отчукувањата на срцето.

Лекарите го следеле една недела и не нашле негативни последици.

“Тој ја напушти болницата потполно здрав, како што дојде Дури и ги немаше несаканите ефекти што понекогаш ги имаат возрасните, како што е треска. Мајка му продолжи да го дои”, вели Куругол.

Бебето, кое денес има 4 месеци, е здраво и лекарите редовно го прегледуваат.

Тестовите покажале дека тој развил антитела на Ковид-19, додаде инфектологот кој одбил да каже со која вакцина е вакцинирано детето.