Њујорк тајмс објави видео на кое се гледа како руски војници убиваат велосипедист во Буча (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Њујорк тајмс објави видео на кое се гледа како руски војници убиваат велосипедист во Буча (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

На видеото се гледа како велосипедист цивил е убиен од руски војници во Буча, објави Њујорк тајмс. Снимен е во Буча за време на руската окупација на тоа киевско предградие, пишува весникот.

Снимката од воздух покажува човек на велосипед како вози по улица. Потоа се симнува за околу аголот да оди покрај велосипедот. Во негова насока биле испукани неколку рафали од оклопни возила. После тоа, на местото на настанот се забележува прашина и чад.

Снимката, снимена кон крајот на февруари е направена од украинската војска и е независно потврдена од Њујорк тајмс. Телото било пронајдено на истото место откако руските сили се повлекле од областа.

Весникот објави сателитски снимки во понеделникот на кои се гледаат телата на неколку луѓе како лежат на улица во Буча уште во средината на март, пред руските сили да се повлечат. Од овие снимки не може да се утврди причината за нивната смрт.

Снимките од тела откриени во Буча предизвикаа бес на меѓународната јавност. Украинската и американската влада ги обвинуваат руските сили за многу убиени во Буча. Москва го негира ова и вели дека обвинувањата против руската војска се неосновани.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds