Нурмагомедов и официјално во пензија: Ви благодарам за сѐ, ми го сменивте животот!

 Нурмагомедов и официјално во пензија: Ви благодарам за сѐ, ми го сменивте животот!

Хабиб Нурмагомедов и дефинитивно ќе остане на 29 победи од исто толку мечеви во УФЦ серијата, откако денеска и официјално е потврдено неговото заминување во пензија.

Прв тоа го направи Дејна Вајт, главниот во најголемото натпреварување во мешани боречки вештини, а истото беше потврдено и од самиот руски борец.

„Ќе застане на 29-0. Тој е стоотстотно официјално пензиониран. Ми беше чест да ја гледам твојата работа. Ти благодарам за сè и уживај во следниот предизвик пријателе“, напиша Вајт.

Потоа на социјалните мрежи се огласи и Хабиб, искажувајќи голема благодарност до сите во тимот на УФЦ.

„Ти благодарам за сè, Дејна и благодарност до целиот тим на УФЦ за шансата што ми ја укажавте. Го променивте животот на многумина. Дејна, никогаш нема да го заборавам твојот однос кон мене, мојот татко тоа не го заборави, а и моите синови ќе го паметат тоа. Денеска имавме разговор како вистински мажи. Благодарност до комплетниот тим, спаринг партнерите и навивачите. Се надевам дека ќе ја прифатите и разберете мојата одлука“, напиша Нурмагомедов.

x