Нурмагомедов планира да ја заврши кариерата кога ќе наполни 34 години

 Нурмагомедов планира да ја заврши кариерата кога ќе наполни 34 години

Продолжувањето на кариерата на таа возраст би можело сериозно да се одрази на здравјето, смета рускиот шампион.

Рускиот ММА-борец Хабиб Нурмагомедов, шампионот на UFC во лесна категорија, изјави во емисија на телевизијата „Матч ТВ“ дека ќе ја заврши кариерата кога ќе наполни 34 години.

„Не се гледам во ММА на 35 години. На 34 уште и може, но во триесет и петтата е тешко да се настапува во UFC и да се биде во врвот“, изјави тој.

Нурмагомедов истакна дека не се сеќава на ниеден спортист кој се натпреварувал во таа категорија по својата 35 година. Тој исто така смета дека тоа може „сериозно да се одрази на здравјето“.

Хабиб Нурмагомедов наскоро полни 32 години. Во досегашната кариера има 28 победи и ниту еден пораз.

Извор:Russia Beyond MK

>
>