Обид за кражба во манастирот „Св. Климент“ во струшка Горна Белица

 Обид за кражба во манастирот „Св. Климент“ во струшка Горна Белица

На 15.04.2021 година, во полициското одделение Велешта, пријавена е тешка кражба во обид, во манастирот „Св.Климент“ во струшкото село Горна Белица. Од увидот извршен на 16.04.2021 година, констатирано е дека засега непознат сторител, во периодот од август минатата до април оваа година, со употреба на подесен алат и физичка сила, ја извадил металната решетка и прозорецот од јужната страна, влегол во внатрешноста но не одзел ништо. Се преземаат мерки за расветлување на настанот.

>
>