• 18/09/2020

Објавен јавниот повик за техничка поддршка за организирање и спроведување на локални манифестации и саеми

 Објавен јавниот повик за техничка поддршка за организирање и спроведување на локални манифестации и саеми
loading...
Advertisement

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го објави јавниот повик за користење на техничка поддршка во земјоделството и руралниот развој за организирање и спроведување на локални манифестации/саеми за промоција на земјоделски производи во Република Северна Македонија. На јавниот повик можат да конкурираат единиците на локалната самоуправа, здруженија од областа на земјоделството и руралниот развој, стопански комори, земјоделски задруги, со доставување на предлог за користење на техничката поддршка до Министерството.

Максималниот износ на техничката поддршка не може да надмине 120.000 денари по манифестација и по корисник. За реализација на добиената техничка поддршка, корисниците треба да спроведат постапка за јавна набавка согласно прописите за јавните набавки, а во рок од десет дена по завршување на манифестацијата/саемот треба да достават извештај за реализираната активност до Министерството. 

Исплатата на техничката поддршка се врши по потпишување на договорот во износ од 100% од одобрената сума, но не повеќе од максималниот износ и во согласност со одобрените средства во програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.