Објавено е видео од апсењето на осомничените за терористичките напади во Виена

 Објавено е видео од апсењето на осомничените за терористичките напади во Виена

Вечерва се случи терористички напад во Виена, повеќе од 15 лица беа повредени, а полицијата непосредно по пукањето опколи неколку осомничени.

Корисниците на Твитер активно објавуваат видеа и фотографии од улиците на Виена, каде во моментов владее целосен хаос. Според последниот полициски извештај, неколку лица биле повредени, едно починало, а според очевидци – сцените се застрашувачки.

Една од објавените снимки покажува дека полицијата опколила неколкумина осомничени за вечерашниот напад. Сè уште не е познато дали е утврдено дали тие се дел од група терористи.