Од 1 мај во Бугарија ќе се влегува само на овие три начина

 Од 1 мај во Бугарија ќе се влегува само на овие три начина

Од 1 мај, влез во Бугарија ќе биде дозволен на три начини – со потврда за вакцинација против ковид-19, со негативен PCR или антиген тест и со документ за прележана инфекција со коронавирус не постар од шест месеци од датумот на влез во земјата.

Тоа го изјави денеска бугарскиот министер за здравство во оставка Костадин Ангелов.

– Се обидуваме да ги направиме мерките слични на нашите соседни земји и скоро истите што ЕК најверојатно ќе ги воведе за целата ЕУ на крајот на мај со задолжителна регулатива – рече главниот државен инспектор за здравство Ангел Кунчев.

x