ОД ДЕНЕС МАСКИТЕ НЕ СЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ НА ОВИЕ МЕСТА: Полицискиот час не е укинат

 ОД ДЕНЕС МАСКИТЕ НЕ СЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ НА ОВИЕ МЕСТА: Полицискиот час не е укинат

Во Македонија, маските на отворено веќе не се задолжителни од денеска, но полицискиот час останува на сила до 15 јуни.

Македонската влада објави дека маските ќе продолжат да бидат задолжителни во јавниот и такси превозот, како и во сите затворени простори.

На спортски натпревари, присуството на публика ќе биде дозволено до 30 проценти од вкупниот капацитет, со задолжително почитување на растојанието помеѓу посетителите од 1,5 – 2 метри.

Мерката за забрана за собирање на повеќе од четири лица на отворено е укината, а организирање свадби, прослави и забави на отворено е дозволено во присуство на максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот .

Максимум шест лица можат да седат на една маса, а музиката во живо е дозволена само на свадби, и во согласност со правилата.

>
>