Од денес стапува на сила полициски час во Црна Гора

 Од денес стапува на сила полициски час во Црна Гора

Во Црна Гора, од денес угостителските и услужните објекти ќе работат од 7 до 18 часот, додека забраната за напуштање на станбени објекти ќе важи од 19 до 5 часот наутро.

Мерките ќе се применуваат од денес до 8 декември, објави Националното координативно тело за инфективни болести (НКТ).

НКТ ги повика граѓаните целосно да ги почитуваат сите мерки, бидејќи тоа е единствениот начин да се сузбие ширењето на коронавирусот.