Од денес во Струга во функција и модуларната болница за заболени од Ковид-19

 Од денес во Струга во функција и модуларната болница за заболени од Ковид-19

Во модуларната болница во рамки на Струшката Болница од денеска се сместени тројца пациенти.

Со овој дополнителeн болнички капацитет на располагање на нашите пациенти ставаме дополнитни 35 болнички легла со централен довод на кислород, а на ова претходеа низа подготвителни завршни активности за нејзиното ставање во функција.

На располагање за третман и грижа на наште пациенти ставени се сите ресурси со кои располагаме од аспект на човечки потенцијал и опременост.

Во моментов на интерниот оддел има 16 хоспитализирани пациенти од кои 10 се на кислородна поддршка.

Апелираме сите да ги почитуваат мерките, зашто нашиот медицински кадар ширум државата ги дава своите максимални напори,заморот е се поприсутен но и покрај тоа тие несебично секојдневно ја водат битката за секој еден пациент и секој човечки живот.

Потребата од внимателност е неопходна за што полесно заеднички да го надминеме и овој силен бран на вирусот. #ЧувајтеСе „Арменд Арслани, директор на струшката болница“

x