Од денеска имаме вкупно повеќе излечени пациенти од коронавирус, отколку активни случаи.

Од денеска имаме вкупно повеќе излечени пациенти од коронавирус, отколку активни случаи.

Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти во: Скопје-13, Куманово-74, Штип-1, Прилеп-18, Битола-1, Охрид-1, Крива Паланка-1, Пробиштип-1 и Демир Хисар-1.

Во изминатите 24 часа направени се 386 тестирања, а потврдени се 23 нови случаи на ковид-19 и тоа во: – Скопје 5- Куманово 5- Прилеп 3- Тетово 6- Велес 2 – Неготино 2Двете лица заведени во ПЕ Неготино, се жители на Демир Капија.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 62 години, а во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Гостивар на 59 години. Во денешниот извештај на Институтот се евидентирани и две починати лица од околината на Куманово, на возраст од 72 и 79 години, пациентка која се лекувала во домашни услови и пациентка која се лекувала на инфективното одделение во болницата во Куманово. Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.465, бројката на оздравени пациенти е 738, на починати е 77, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 650.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds