Од денеска отворени угостителските објекти – полицискиот час започнува во 21 часот

 Од денеска отворени угостителските објекти – полицискиот час започнува во 21 часот

На вчерашната 67-ма седница, Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и донесе измени и дополнувања на мерките за заштита и спречување на ширењето на КОВИД-19.

Со овие измени и дополнувања од денеска, 28 април, забраната за движење на населението и на возила од јавен превоз на целата територија на државата, наместо од 20:00 ќе важи од 21:00 до 5:00 часот наредниот ден.

Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови од 1 мај до 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, како и вечерта на 13 мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.

Почнувајќи од денеска, сите угостителски објекти ќе можат да работат само во отворените делови, односно на терасите на угостителските објекти и тоа до 20:30 часот после што ќе бидат затворени за посетители.

>
>