Од денеска почнува вакцинацијата со трета доза против ковид-19

 Од денеска почнува вакцинацијата со трета доза против ковид-19

Трета доза може да се прими најмалку шест месеци од примената втора доза. Кога ќе истечат тие шест месеци, граѓаните ќе добиваат СМС-порака дека може да се јават и да примаат трета доза

Од денеска во земјава достапна е и трета доза вакцина против ковид-19, која според Комитетот за имунизација е препорачана за сите граѓани над 60 години, како и за здравствените работници и лицата со имунокомпромитирачка состојба без разлика на возраста.

Вакцинацијата со третата доза ќе се врши со вакцината од производителот „Фајзер“ без разлика од кои производител се примени првите две дози.

Трета доза, како што објасни министерот за здравство Венко Филипче, ќе се прима најмалку шест месеци од примената втора доза. Кога ќе истечат тие шест месеци, граѓаните ќе добиваат СМС-порака дека може да се јават и да примаат трета доза.

За трета доза граѓаните ќе може да одат на кој било вакцинален пункт без закажување. Во Скопје, покрај поликлиниките и понатаму ќе функционираат пунктовите во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

>
>