• 24/09/2020

Од денеска започнува пролетта

 Од денеска започнува пролетта
loading...
Advertisement

Во 4 часот 49 минути и 37 секунди утрово стигна пролетта на северната хемисфера. Во исто време на јужната Земјина полутопка почна есен.

Пролетта ќе трае 92 дена, 17 часа и 54 минути, односно до 20 јуни 2020 во 23 часот и 43 минути, кога ќе почне летото. 

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 3, а дневната од 13 до 22 степена.

Во Скопје, слично време, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 21 степен.

До сабота ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во недела ќе настапи наоблачување, попладне со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни. Кон крајот на денот ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови значително заладување, па од понеделник покрај на планините врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места.