
Од дуќан во чаршијата одземени пари, часовници и пиштол
Во СВР Охрид вчера е пријавена кражба во трговски дуќан за часовници лоциран на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид.
Од дуќанот се одземени еден пиштол кој сопственикот го поседувал со дозвола, пари и рачни часовници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.