
Од Кардиолошкиот завод со препорака да се одложат рутинските контроли
Ги замолуваме нашите редовни пациенти на кои им е ординирана хронична терапија и кои немаат новонастанати тегоби да ги одложат своите рутински контроли за извесен период, порачуваат од охридската Специјална болница за кардиоваскуларни заболувања. Потенцираат дека препораката е во насока на лична заштита на пациентите и заштитата на сите останати пациенти.
Од болницата информираат дека строго се забранува присуство на придружници, во чекалните, пред амбулантите и останатите заеднички простории во болницата.
Пред секоја амбуланта на располагање има алкохол за дезинфекција на рацете и истата задолжително треба да ја направи секој пациент пред да влезе во амбуланта.
Извор: OhridNews