
Од каталонските сепаратисти зависи формирањето на шпанската влада
Најголемата сепаратистичка партија на Каталонија ќе го поддржи премиерот Педро Санчез да формира ја формира идната влада во Мадрид, но за возврат бара разговори за независност на овој регион од Шпанија.
Дури 95% од членовите на Esquerra Republicana de Catalunya (ERC) (Републиканска левица на Каталонија) го поддржаа ова со што од ERC сега (може) да зависи формирањето на идната шпанска влада.
Социјалистите на Санчез освоија само 120 пратенички места на последните избори минатиот месец и заедно со коалициониот партнер, партијата Подемос, имаат 155 пратенички места.
Но, тоа е се уште далеку од 176 потребни за формирање парламентарно мнозинство.
Тука „во игра“ влегува ERC која има 13 пратеници и која, со комбинација со поддршка од баскиските или помали левичарски партии, можат да му обезбедат влада на Санчез.
Но, сопартијците на Санчез од Социјалистичката партија се спротивставуваат на барањата на Каталонците од ERC меѓу кои и она за организирање референдум за независност на регионот.
Познавачи на приликите оценуваат дека тоа би претставувало признание дека Каталонија и Баскија се нации во Шпанија, а не само региони.
Републиканската левица од Каталонија (ERC) е најстарата сепаратистичка партија во регионот и е подготвена да почне разговори со социјалистите за поддршка за Санчез, пренесува каталонски медиуми.
„Ако [социјалистите] сакаат нешто од нас, тие треба да направат потег“, вели претставник на ERC, цитиран од новинската агенција Ројтерс. „Ако тие не го сторат тоа, ние очигледно ќе се воздржиме [од гласање]“.
Минатиот месец Шпанија одржа четврти избори за четири години, втори годинава, а новиот парламент сега е порасцепкан од кога било со што се комплицира и формирањето влада.