Од пекол до нормален живот: Беа најголемо жариште во Европа, а сега се отвараат

 Од пекол до нормален живот: Беа најголемо жариште во Европа, а сега се отвараат

По повеќемесечните ограничувања воведени со цел полесно справување со вториот и третиот бран на коронавирусот, Италија се надева дека најновите ублажувања на мерките ќе означат почеток на едно “нормално” лето.

Три четвртини од италијанските региони од денеска ќе влезат во пониска ризична “жолта” категорија, а на баровите и рестораните ќе им биде дозволено повторно да ги даваат своите услуги на отворено. Полицискиот час од 22 часот останува на сила.

Бројни Италијанци, меѓутоа, во текот на вчерашниот ден, ден откако попуштиле рестриктивните мерки, ги “преплавиле” улиците, плоштадите и парковите на градовите од Рим до Торино, од Милан до Неапол.

Препознавајќи ги ризиците, италијанското министерство за внатрешни работи и наложило на полицијата да се погрижи да се спроведе социјално дистанцирање и носење на маски, за да не дојде до нов скок на новозаразени.

Меѓурегионалните патувања од денеска ќе бидат дозволени, прв пат од есен, а бројот на луѓе кои можат истовремено да ги посетат пријателите и семејствата ќе се зголеми од два на четири.

Четири јужни региони, Базиликата, Калабрија, Апулија и Сицилија, заедно со Аоста на северот и натаму се под силни ограничувања.

“AP” меѓутоа, пишува дека дозволата за јадење на отворено во Италија можеби доаѓа предоцна за сопствениците на италијанските ресторани, чиј опстанок е загрозен поради повеќе од година континуирано затворање.

Италија по Велика Британија има втора најголема стапка на смртни случаи од ковид-19 во Европа, со повеќе од 119.000 потврдени смртни случаи.

>
>