Од под урнатините 70 годишен дедо извлечен жив 33 часа по земјотресот во Турција

 Од под урнатините 70 годишен дедо извлечен жив 33 часа по земјотресот во Турција

Спасувачите извлекоа 70-годишен маж жив од урнатините на една зграда во Измир 33 часа откако силниот земјотрес ги погоди Турција и Грција.

Ахмет Цитим (70) бил извлечен од урнатините среде ноќ и однесен во болница.

Таму го посети турскиот министер за здравство Фахретин Коца, кој на Твитер сподели фотографија со преживеаниот, пренесува Daily Mail.

– Цитим ми рече дека никогаш не изгубил надеж – напиша министерот.

Во земјотресот, кој ги погоди двете земји во петокот попладне, загинаа најмалку 64 лица, а над 900 беа повредени.

Спасувачките екипи сè уште трагаат по урнатините на зградите во Измир во потрага по преживеани, но според извештаите на медиумите, тие за жал во неделата пронашле повеќе тела.

Земјотресот доведе до мини цунами на островот Самос.

Службата за итни ситуации (АФАД) исто така објави дека по најсилниот земјотрес следувале уште 833 помали земјотреси, а 40 биле посилни од четири степени.