Од полноќ нови цени на горивата

 Од полноќ нови цени на горивата

Како и секој понеделник, така и овој, напладне се очекува Регулаторната комисија за енергетика да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Две недели по ред имаме раст на цените на горивата.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) минатата недела се зголеми за половина денар за литар, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-95, пак, поевтини за половина денар.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намали за половина денар за литар и изнесува изнесува 59,5 денари, додека цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се промени, односно остана 61,5 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемија за половина денар за литар и чинат по 51,5 денари.

Со одлуката на РКЕ за 0,099 денари за килограм се намали и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и изнесува 27,481 денари.

Како причина за промена на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат намалените референетни цени на светскиот пазар во изминатите седум дена на бензинот во просек за околу 2,138 отсто, зголемената кај дизелот во просек за околу 1,448 отсто, како и за 0,185 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот. 

Останува да видиме дали и денеска ќе имаме поскапување.

>
>