Од полноќ нови цени на горивата

 Од полноќ нови цени на горивата

Секој понеделник напалдне Регулаторната комисија за енергетика ги соопштува промените на цените на горивата. Така се очекува да биде и денеска.

Минатата недела имавме пораст на цените, така што малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемија за 1,50 денар/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) се  зголемија за 1,00 денар/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 42,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 1,448 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.02.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува
32,884 ден/кг.