• 28/09/2020

Од попладне дожд и грмежи, нестабилно и посвежо и за викендот

 Од попладне дожд и грмежи, нестабилно и посвежо и за викендот
loading...
Advertisement

Попладне и во текот на утрешниот ден во планинските подрачја ќе има услови за локална појава на дожд и ретки грмежи, а во сабота нестабилно со пороен дожд.

Максималната температура денеска ќе биде во интервал од 26 до 33 степени.

Како што соопшти УХМР, под влијание на продорна атмосферски фронт, во сабота ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења и појава на град.

Температурата, особено на северот, осетно ќе се намали. Услови за локална нестабилност ќе има и во недела попладне, а од понеделник следува стабилно време со значителен пораст на дневната температура.