Од попладне дожд и снег

 Од попладне дожд и снег

Под влијание на циклонска активност во јужните делови од Балканскиот Полуостров, од денес попладне до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, информира УХМР.

На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер.

На планините врнежите повремено ќе бидат од снег, особено утре и во понеделник.

x