Од што ли е направена: Најскапата пица на светот чини 10.000 евра

Од што ли е направена: Најскапата пица на светот чини 10.000 евра

Најскапата пица во светот чини повеќе од 10.000 евра и е направена во Италија.

Имено, пицата се вика „Lous XIII“, а рецептот го „осмислил“ готвачот Ренато Виола. Овој ексклузивен оброк може да го нарачаат само одбрани гости во крајбрежниот град Салерно.

Дијаметарот на пицата е 20 сантиметри, а е направена од специјални состојки. Тестото е направено од органско арабско брашно и е посипано со розова сол од реката Муреј. За да се подготви оваа пица потребни се дури 72 часа.

The pizza Louis XIII is the world’s most expensive pizza, at a cost of $12,000. It was created by chef Renato Viola and the toppings include three types of caviar, red prawns, Mediterranean lobster and sea cicada. It is only 20 cm (8 inches) in diameter. 🍕#FactManiac pic.twitter.com/YZ4Wj2YHMK

— Fact Maniac (@factmaniac) September 2, 2018

Во пицата се додаваат три вида кавијар – „Oscietra Royal Prestige“, „Kaspia Oscietra Royal Classic“ од иранскиот брег, „Kaspia Belugа“ и седум видови сирење. Се разбира, има дополнителни состојки.

„Најскапите состојки се јастозите кои се прекриени со коњакот Луј XIII, кој вообичаено е тешко да се најде на пазарот“, вели Виолта.

Покрај „Луј XIII“ се служи и шампањ „Krug Clos du Mesnil“ и ракија „Carta Real Sanches Romate Finos“.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy