Од среда целосно укинување на полицискиот час, ќе се дозволи организација на концерти и забави на отворено

 Од среда целосно укинување на полицискиот час, ќе се дозволи организација на концерти и забави на отворено

Комисијата за заразни болести на координативниот состанок утрово, предложи ново олабавување на мерките.

Од среда, 16 јуни да се укине целосно полициски час. Епидемиолошката состојба е стабилна и го дозоволува тоа. – смета Комисијата за заразни болести.

Покрај ова Комисијата за заразни болести предлага да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави и да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица.

Овие одлуки ќе бидат предложени до Кризниот штаб, објави на социјаклните мрежи министерот за здравство Венко Филипче.

>
>