• 20/09/2020

Од средина на март работат од дома – им се допаднал ваквиот начин на работа

 Од средина на март работат од дома – им се допаднал ваквиот начин на работа
loading...
Advertisement

Голем број на Австријци од средината на март, кога Владата вовела ограничување на слободата на движењето поради пандемијата на корона вирусот, работат од дома.

Според едно актуелно истражување тоа им се допаднало.

Седум од десет Австријци кои работеле од дома навеле дека сакаат и во иднина да работат на овој начин.

Една четвртина од Австријците од почетокот на рестрикциите работеле од дома, а 40 отсто од нив никогаш порано не работеле од дома.

После месец дена од новата пракса владее задоволство, бидејќи 86 отсто велат дека успеале добро да се снајдат.

Околу 60 отсто се уверени дека биле попродуктивни од дома, отколку од канцеларија.

70 отсто рекле дека од дома им било позабавно да работат и сакаат да ја имаат таа можност по заминувањето на пандемијата, да ја користат почесто.

Меѓутоа една третина од Австријците кои работеле од дома велат дека не можеле да се сконцентираат.

Истражувањето покажало дека и во наредниот период, од страв од зараза, поголемиот дел граѓаните на работа одат со сопствен превоз наместо со јавен превоз.