Од утре се затвораат сите градинки, училишта и факултети во земјава

Од утре се затвораат сите градинки, училишта и факултети во земјава

Комисијата за заразни болести на денешната седница донесе заклучоци со кои се прошируваат мерките за заштита од коронавирусот. Таа препорача сите училишта, факултети и градинки да бидат затворени во следните 14 дена.

Исто така препорака е да се забранат сите масовни собири на отворено, а сите спортски настани да бидат без публика.

Сите лица кои доаѓаат од високо и средноризични земји да бидат во самоизолација 14 дена.

Владата на денешната седница треба да ги усвои овие препораки од Комисијата за заразни болести.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds