Од утре снег и на пониските места

Од утре снег и на пониските места

Днес ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег, кои на места ќе бидат пообилни и поројни. Поради продор на студена воздушна маса, во текот на ноќта врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места, а снег ќе провејува и на некои пониски места во западните и северните делови.

Утринските температури ќе се движат од 2 до 9 степени, а дневните од 4 до 16.

За утре метеоролозите најавуваат наутро облачно и студено со врнежи, кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а снег ќе провејува и на некои пониски места. Уште во текот на претпладнето врнежите постепено ќе престануваат, а попладне ќе настапи разведрување. Ќе дува засилен ветер од северен правец (над 60км/ч), што ќе предизвика значително намалување на температурата.

Поради разведрувањето, во среда и четврток утринските температури насекаде ќе бидат негативни.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds