ОД ВЕЧЕРВА ГОЛЕМ ПРЕСВРТ ВО ВРЕМЕТО: Заборавете веќе на летните денови и високите температури

 ОД ВЕЧЕРВА ГОЛЕМ ПРЕСВРТ ВО ВРЕМЕТО: Заборавете веќе на летните денови и високите температури

Денеска во текот на ноќта ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 33 степени.

Времето утре ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на краткотраен дожд, а од пладневните часови наместа нестабилно и свежо со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Времето во среда ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд кои на места претежно во западните делови ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во четврток времето ќе биде претежно облачно, преку денот свежо, со повремени врнежи од дожд пообилни во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во петок времето ќе биде умерено до значително облачно, со услови за краткотраен пороен дожд претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер со променлив правец.

>
>