
Одговор на десетте прашања на Вмро Дпмне-Струга
Почитувани граѓани,
Вмро Дпмне веќе два дена исплашени затоа што немаат што да понудат, ми поставиле 10 прашања на кои со задоволство ќе им одговорам.
Прво, треба да знаете дека прес конференции се закажуваат и одржуваат и надвор од работно време.
Злоупотребата на администрацијата за партиски цели заврши со вашето заминување. Знам дека се плашите од тоа што ве чека на 12ти април, ама барем можете да соберете храброст и вие, како што прават сите граѓани, да пофалите и поддржите тоа што е добро за сите. Разбирам дека вие во тоа ваше свршено време не можевте да држите вакви прес конференции, затоа што на нив требеше да излегувате со празен лист.
Второ, и мене и на цела јавност им е јасно зошто зборувате за убедливост, кога немате ни што да понудите, а уште помалку некој да го уверите дека нешто убаво ќе направите, бидејќи ја пропуштивте можноста.
Криењето зад наводни “нови кадри” можеби ќе ви помогне полесно да го апсорбирате поразот.
Трето, без срам и перде прашуваат за Струга.
Барем нивниот претседател кој им е на пратеничка листа да им кажеше да не се срамат, зошто колку ние СДСМ направивме за Струга за 2,5 г.,нивните за 12 не успеаа да изговорат. Секако овде не мислам на тендери и криминал, кажано на струшки “само во тоа ви беше умот”
И да, ајде ќе набројам за да не лутаат…
Започнавме со реконструкција на ОУ,, ЈБТ,, кое за жал беше од Вас не само уништено, блокирано, туку земаше струја со продолжен кабел од соседната градинка.Изградба на спортска сала ви СОУ,, Нико Нестор,,, реконструкција на Базенот, кој ни бар во Катастар го имавте евидентирано, реконструкција на ул. Партизанска, реконструкција на патот Подмоље до Евро хотел…. И еве наредна изјава ќе е во живо и ќе ги набројам сите работи направени од Владата на СДСМ за Струга, за да ви бидат појасни.
Четврто, знаеме дека Заев ви е ноќна мора. А за правната држава и како се гради можете да се обратите кај вашиот “независен експерт” по право-Силјаноска, која прескокнала да ви каже дека целиот криминал кој 12 години го правевте и пустошевте, невозможно е да се исчисти за 2 год.
Петто, ЈП ,,Комунално,, кое го оставивте со камиони стари половина век, со долгови неплатени по 10тина години и со камати поголеми од долговите, без контењери и канти за граѓаните, бидејќи таму поважно ви беше сметките од гозбите кои ги правевте по ресторани да ги плаќа ЈП Комунално, преку наплатата од сметките на граѓаните успеавме да го стабилизираме. Преку донации обезбедени се камиони, нови контењери, поплочени се местата каде стојат, а во следниот период ќе продолжиме со нови и повеќе канти затоа што сметаме дека ситуацијата сеуште не е на потребното ниво.
Шесто, покачувањето на платите не можете да го сопрете колку и се обидувате.Оставете граѓаните економски да зајакнат од вашата негрижа и од сиромаштијата која ја посеавте во цела држава.
Седмо, Да Република Северна Македонија членка на Нато и пред вратите на ЕУ е работа која колку и да Ве боли е реалност прифатена од сите наши граѓани. Ја прифативте и вие со гласањето на Протоколот за членство во Нато со новото уставно име и сега не знаете како да доизлажете и како да им излете пред очи на граѓаните затоа што нив им зборувавте едно, на меѓунароните претставници друго, а правевте трето.
Осмо, суверенитетот и интегритетот на земјата е загарантиран со Устав.
Да, јас сум Македонка, која зборува македонски јазик и сакам да ја видам мојата Република Северна Македонија во ЕУ.
Ова не е лажен патриотизам кој само вие знаете да го ширите. Јас и мојата СДСМ ја сакаме оваа земја многу повеќе од Вас.
Деветто, интересно и смешно ми е вие да тврдите за некакви уцени и закани…
Интересно ми е бидејќи изгледа затворени во потесен круг, кога меѓусебно се силите, не сте нашле време да се видите со Народот. Тој вели дека им се тргнаа ,,прангите,, кои 12 г. ги носеа од вас. Се ослободи државата од закани, уцени, притисоци, казни, блокирања и затворање на фирми на партиски или непартиски непогодни луѓе. Прашајте го вашиот локален претседател дали некој му се заканил, уценил или заплашил кога со неговата фирма добива државни тендери.
Слобода е!Слободен е и тој како сите други ако ги исполнува условите, ако има подобра понуда да победува и заработува на пазарот.
Десетто, за ташната, гледајќи ги последните слики, можете кај Александар Николовски да се обратите. Мислам дека е прав човек кој ќе Ви даде одговор на ова прашање.
П. С. Ајде на ТВ дуел на телевизија која Вие ќе ја изберите да ги разјаснеме сите работи, а ако и за тоа не можете да соберете храброст, барем оставете не да работеме, чесно одговорно и совесно, затоа што
Можеме повеќе!
Можеме подобро!
Со почит,
Соња Стојкоска
Претседател на ОО на СДСМ Струга.