• 22/09/2020

Одговор на реакцијата на Здравствен Дом, Вевчани по однос на прес-конференцијата на советничката на општина Струга од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Валентина Переска, одржана на ден 4.12.2019 година

 Одговор на реакцијата на Здравствен Дом, Вевчани по однос на прес-конференцијата на советничката на општина Струга од редовите на  ВМРО-ДПМНЕ, Валентина Переска, одржана на ден 4.12.2019 година
loading...
Advertisement

Прво:Наместо да одговорите на прашањата, Вие информирате и изнесувате податоци кои претставуваат само обид да се избегне одговорноста. Спомнувате податоци кои се општо познати, како тоа, од кога функционира Здравствениот Дом во Вевчани, за што, патем искажуваме огромно задоволство, што постои и функционира во наша близина.Второ: Зградата која беше изградена во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беше функционална и просториите не беа проблем да функционира итната медицинска помош во Лабуништа.

Проблемот е во човечките ресурси, со кои не умеете да менаџирате и кои неправилно ги употребувате. Никаде во пресот не е споменато дека е укината во моментов итната медицинска помош, информација која од петни жили се обидувате да ни ја пласирате.Има нешто што од Вас го дознавме и мора да изразиме жалење по однос на истото: Во 2019 година заминале тројца доктори!Замислете, дури во услови во кои оваа власт кажува дека е се розово и дека блеска здравството. – Се прашуваме, кои биле причините да заминат, кога се е перфектно? – Се напушта ли работно место во кое има беспрекорни услови за работа?Не мешајте го останатиот персонал за чии компетенции не сакаме да коментираме затоа што се луѓе со докажан труд и години наназад претсавуваат пример за пожртвуваност и професионализам.

Секоја чест! Токму на овие луѓе, не треба да им го ставате товарот на услугите на итната медицинска помош затоа што имаат други работни обврски, како што се, меѓу другото услугите на вакцинирање, за што, добро знаете дека бебиња и деца се случува со часови да чекаат по ходници за да го остварат своето право на јавна здравствена услуга. Трпат оние кои најмалку заслужуваат: медицинскиот персонал кој си има работни задачи, предвидени со решението за работа и секако, пацинетите.Крајот на декември е мошне блиску, а проблемот за кој велите дека е конечно решен, не е ниту решен, ниту се задоволни пацинетите.Сите очекувавме одговор на прашањата, но не изјава која сведочи за паниката и хаосот со кои не успевате да се справите.

Со почит:

ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Струга