Одличен детокс напиток: Чај од ѓумбир кој ги топи килограмите, но и го зајакнува имунитетот

 Одличен детокс напиток: Чај од ѓумбир кој ги топи килограмите, но и го зајакнува имунитетот

Тоа можете да го постигнете и без гладување, со помош на овој напиток. Доколку го консумирате што почесто во текот на денот, за многу кратко време ќе ги забележите и првите резултати, а покрај килограмите, чајот од ѓумбир го намалува и целулитот.

Не само што ги согорува калориите туку и го зајакнува и имунитетот – дали постои подобра комбинација?

Многу е важно да го консумирате повеќе пати во текот на денот бидејќи го намалува апетитот и чувството за глад, а доколку ја зголемите и вашата физичка активност, резултатите ќе бидат видливи и во првите недели.

Потребни состојки:

– 2 дл. топла вода
– 1 лажичка јаболков оцет
– 2 лажички сок од лимон
– 1 лажичка мелен ѓумбир (може и свеж)
– половина лажичка мед

Начин на припрема:

Во зовриена вода, додајте го ѓумбирот, оставете неколку минути, па процедете. Потоа, додајте ги и останатите наведени состојки.

>
>