Одложен настанот „Ден на тартуфот“ во Охрид

Одложен настанот „Ден на тартуфот“ во Охрид

Хотел ресторан „Sky Corner“, го одложи најавениот настан „Ден на тартуфот“, најавен за 14 март, во согласност со препораките на државните власти за превенција од ширење на корона вирусот. За одложувањето информирани се сите што извршиле резервација за овој исклучителен гастрономски настан, кој ќе почека подобри времиња.

Како што е познато, Владата вчера на предлог на националната комисија, донесе нов сет мерки за превенција од вирусот Ковид 19, кои, меѓу другото, предвидуваат рестрикции во работењето и на угостителските објекти. Тие ќе работат само денски до 18 часот, со намален капацитет во внатрешноста.

Извор:OhridNews

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds