• 25/09/2020

Одложено преместувањето на мигрантите од кампот Вучјак во БиХ

 Одложено преместувањето на мигрантите од кампот Вучјак во БиХ
loading...
Advertisement

Одложено e преместувањето на мигрантите од кампот „Вучјак“ во Босна и Херцеговина. Тамошните власти соопштуваат дека мигрантите ќе бидат преместени, но не се знае точно кога. Мигрантите треба да бидат префрлени во прифатни центри во Кантонот Сараево. Во саботата мигрантите, откако неколку денови одбиваа храна, го прифатија оброкот што го делеше Црвениот крст на град Бихаќ.

Во овој камп според податоците на Црвениот крст се наоѓаат околу 600 мигранти.

Високата претставничка на Советот на Европа за човекови права, Дуња Мијатовиќ на 6 декември рече дека е шокирана од тоа што го видела за време на посетата на овој камп. Таа рече дека условите за живот се страотни, а со доаѓањето на зимата станале нехумани. И други меѓународни организации неколкупати ги критикуваа условите во кампот.