Одрон од карпа го блокира патот Струга – Радожда

Одрон од карпа го блокира патот Струга – Радожда

Одрон од карпа го блокира патот Струга – Радожда, кај местото викано Елен Камен.

Екипи на „Македонија пат” се на терен и се очекува за брзо патниот правец да биде расчистен и да продолжи нормално да се одвива сообраќајот.

– Апелираме до сите граѓани да бидат внимателни, бидејќи дождот деновиве беше со висок интензитет, а лошите временски услови се очекуваат и во наредните денови, велат од Општина Струга.

Жителите кои гравитираат на тој аптен правец, се загрижени за безбедноста во сообраќајот, поради опасноста од нови одрони.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds