Одземени мрежи и уловена пастрмка, рибокрадците избегале

 Одземени мрежи и уловена пастрмка, рибокрадците избегале

При преземање мерки поврзани со незаконит риболов на Охридското езеро, вчера, полициски службеници пронашле и одзеле две вреќи со 52 парчиња уловена риба пастрмка, 11 риболовни мрежи како и друг риболовен алат и прибор, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Одземените предмети и улов се предадени во Хидробиолошки завод Охрид, а СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите на казненото дело „незаконит риболов“ по што, ќе поднесе соодветна пријава.

Извор:OhridNews

>
>