• 24/09/2020

Одземени пет концесии за минерални суровини во Лабуништа

 Одземени пет концесии за минерални суровини во Лабуништа
loading...
Advertisement

Одземени се пет концесии за минерални суровини, речиси сите во околината на село Лабуништа, за да се заштити здравјето на жителите и животната средина, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.Концесиите, како што рече на прес-конференција пред Министерството, еднострано се раскинати, а сите концесионери имаат право во рок од 60 дена да достават барања до Министетството за други локации од истиот вид минерална суровина, но претходно ќе мора да се обезбедат и мислења од надлежните институции, вклучувајќи го и Министерството за животна средина.– Со ова се рализира уште едно ветување кое го дадовме на жителите на Лабуништа за раскинување на концесиите. За време на вонредната сотојба тие продолжија да доставуваат барања за одземање на концесиите, укажувајќи дека настанатата прашина при минирање, сепарирање и транспорт на минерални суровини значително им го нарушува здравјето, рече Бектеши.