• 25/09/2020

Официјално: Згасна Меѓународниот атлетски маратон во Охрид

 Официјално: Згасна Меѓународниот атлетски маратон во Охрид
loading...
Advertisement

Годинашното 33-то издание на Меѓународниот атлетски маратон во Охрид ќе биде последно, откако претседателот на Здружението кое го организираше маратонот, Пецо Неданов, со соопштение ја извести јавноста за конечната одлука.

Организираторот на охридскиот атлетски маратон години наназад мака мачеше со финансиите, а со плод не вродија ниту барањата за помош до држваните инстутиции. Како што пишува во писмото, одлуката била тешка но очекувана со оглед на проблемите и потешкотиите за организирање.

Со големо жалење морам да ги известам сите љубители на маратонското трчање дека дефинитивно традицијата на Меѓународниот Охридски атлетски маратон нема да продолжи во наредната 2020-та година. Со години наназад се боревме и покрај сите не разбирања на наталожените проблеми да ја продолжиме традицијата долга повеќе од 30 години. Во 2020-та требаше да биде 34-ти по ред,но очигледно нашата желба да и покрај минусните салда кој ги правеше маратонот упорно ја продолжуваме традицијата ,некој ја сваќаа погрешно во смисол да ние имаме интерес и затоа ја продолжуваме традицијата. Со последното годинешно издание бев принуден лично да ги исфинансирам поголемиот дел од трошковите, а најголемиот дел од нив ми се вратија скоро 90 дена по завршување на маратонот,а одредени трошкови останаа неисплатени поради намалената сума од предвидената. Се извинувам но не сум во состојба тоа да го правам повторно. Испративме дописи до одговорните институции и поставивме конкретни прашања со колку средства планираат да не помогнат за наредното 34-то издание, но никој ништо не одговори. Треба ли по два или три пати да го правиме истото и да добиваме празни обеќања е па се уморивме од тоа. Затоа дефинитивно ова е крај на оваа традиција, а да даде господ некој ентузијасти како нас пак после 10 годишна (или дајбоже пократка) пауза ја продолжат традицијата. Ова е маратонот на нашата младост,на првите членови на АК Охрид, и секако дека има многу големо значење за нас, но без поддршка на институциите за жал мора да згасне. Сметавме дека по примерот на Европските и Светските метрополи и градот Охрид ќе биде горд на еден ваков традиционален настан и ќе настојува да ја продолжи оваа долга традиција, но ниту тие ниту државата застана со свој дефинитевен став зад оваа традиција која сите овие години од 2004-та навака е заснована само на ентузијазам и љубов на одредени членови кон атлетиката и маратонското трчање. Длабоко им се извинувам на сите маратонци кој се заљубени во оваа трка и кој едвај го чекаат наредното издание како од земјава така и од соседните земји,се надевам дека некој ќе се свести и нема да дозволи да згасне оваа традиција,а дотогаш ви посакувам лесни нозе и уште многу успешни маратонски трки. – стои во писмото од Пецо Неданов.

Маратонот на почеток се одржуваше на 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид од фашизмот. Потоа датумот се помести и се организираше на 8 септември на Денот на независноста на Македонија. Последни победници на маратонот се Мозес Кипруто и македонската атлетичарка Адријана Поп Арсова.

Извор:OhridNews