Ограбена црквата „Св. Никола“ во „Паркот на поезијата“ во Струга

 Ограбена црквата „Св. Никола“ во „Паркот на поезијата“ во Струга

– На 22-ри февруари 2021 година, во 07:40 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во периодот од 21-ви февруари 2021 година до пријавувањето, непознат сторител со употреба на сила влегол во црквата „Св.Никола “ во „Паркот на поезијата“ во Струга и одзел пари.

– Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР