• 21/09/2020

Ограничен прием на пациенти и во болницата „Св.Еразмо“

 Ограничен прием на пациенти и во болницата „Св.Еразмо“
loading...
Advertisement

Со оглед на новонастанатата состојба со ширењето на корона вирусот (Ковид-19), во ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“–Охрид, времено се ограничува прием на пациенти во амбуланта упатени со приоритетни упати, освен за пациенти со крајна итност, информираат од болницата.

На ден 09.03.2020 година писмено е известено Министерството за здравство, како и сите матични лекари во регионот за ограничувањето на приемот на пациенти. Се молат пациентите кои имаат закажан термин преку системот Мој Термин да не доаѓаат со придружници, бидејќи најстрого се забранува присуство на придружници во чекалните, амбулантите и останатите заеднички болнички простории, потенцираат од болницата.
При влез во ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид, по препорака на Министерството за здравство, пациентите задолжително пополнуваат изјава за претходно патување во ризичните региони кои се зафатени со вирусот Ковид – 19. Исто така, при влез на пациент во болницата, задолжително се врши мерење на телесна температура со бесконтактен инфраред термометар, а пред секоја амбуланта на располагање има алкохол за дезинфекција на рацете и истата задолжително треба да ја изврши секој пациент пред да влезе во амбуланта.

Од болницата со апел до пациентите кои имаат закажан термин преку системот Мој Термин, истиот да го почитуваат, како би се избегнале евентуални гужви пред амбулантите.

Извор: OhridNews