
Огромен пожар во објект на Huawei: Огнот изби во близина на центарот за развој на 5G мрежа
Пожарот кој денес изби во објект на кинескиот технолошки гигант Huawei во градот Донгуан е успешно изгаснат и за среќа никој не настрада во големата катастрофа.
Огнот ја зафати зградата со челична конструкција во изградба која се наоѓа во близина на истражувачката лабораторија за 5G мрежа на Huawei, во која немало луѓе во тие моменти.
На кинеските социјални мрежи се објавуваат видеа на кои може да се види како густ облак со чад се издига над истражувачката лабораторија.
Во лабораторијата се истражувале и тестирале материјали и антени за 4G и 5G мрежата, поврзани со базните станици на Huawei, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.