Огромен успех на охриѓанката Емилија и македонскиот тим на Олимпијадата по природни науки во Катар

Огромен успех на охриѓанката Емилија и македонскиот тим на Олимпијадата по природни науки во Катар

Огромен успех на талентираната 14-годишна охриѓанка Емилија Николовска на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки што деновиве се одржа во Доха – Катар. Емилија во Македонија се враќа со освоена бронзена медалја, што претставува исклучителен успех имајќи предвид дека на олимпијадата учествуваа 400 претставници од 70 земји од светот.

Емилија е презадоволна од постигнатиот успех, како личниот така и на целата екипа која замина во Катар, изјавија за OhridNews родителите на Емилија.

Огромен успех постигнаа и останатите членови од шестчлената екипа млади натпреварувачи од Македонија кои освоија и две сребрени и уште две бронзени медалји.

Ова е дефинитивно најдобриот тим од Македонија кој учествувал на меѓународна олимпијада по природни науки, изјавија професори од Природно математичкиот факултет.

На Олимпијадата во Катар, Емилија замина на 2 декември заедно со тројца професори и останатите пет учесници од Македонија, кои претходно ги подготвуваат професори од Природно математичкиот факултет.

Извор:OhridNews

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds